Поради дефект попладнево без вода овој дел од Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од Ф-400мм на ул.Скупи бб – пат за Бардовци кај пералната во населба Злокуќани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Скупи, потегот од Лепенец до Хидрометеролошки Завод.

Водоснабдувањето е прекинато од 12:00 часот до санирање на дефектот.