Поради дефект овој дел од Скопје попладнево без вода

Од скопски Водовод известуваат дека попладнево поради уличен дефект на крстосницата ул. Јужноморавски Бригади/Жегљане, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од ул.Јужноморавски Бригади, дел од ул.Жегљане и дел од ул.Среќко Пужалка, додека место викано Камник ќе има намален притисок на водоснабдување.

Водоснабдувањето ке биде прекинато од 12:00 часот до завршување со санација на дефектот.