Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека од претпладнево поради уличен дефект ф-100 мм на крстосницата Воин Драшкоци/ Ибе Паликуќа, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Воин Драшкоци и дел од ул.Ибе Паликуќа.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:15 часот до завршување со санација на дефектот.