Поради дефект делови од општина Чаир без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека денес поради уличен дефект Ф-400 мм на ул.„Џон Кенеди“  бб во населба Чаир прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Џон Кенеди“, „Панче Неделковски“, „Кемал Ататурк“, „Серава“, „Стојко Јовановски“,  Гиникологија Чаир, „Пере Тошев“.

Од Водовод посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.