Јавното претпријатије Водовод и канализација - Скопје информира дека денес поради дефект делови од три скопски општини ќе бидат без вода.
- поради дефект на огрлица од Ф200мм на ул.Банско бр.16А ( нас. Пржино ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до санирање на дефектот.
- поради дефект на приклучна цевка од ф3/4“ ( цол ) на ул.5 бр.5 Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Долно Лисиче ул.1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 и дел од ул.Тодор Чангов, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до санирање на дефектот.