
Поради дефект на приклучна водоводна цевка со профил Ф 80 мм на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр. 83-2, денеска е најавен прекин во водоснабдувањето за корисниците од булеварот.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 10 часот, а ќе трае до завршување на работните активности.
Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.