Поради дефект дел од Скопје остана без вода

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје ги известува граѓаните дека ќе има прекин на водоснабдувањето поради дефект.

- Ве известуваме дека на ден 03.02.2023г. поради дефект на шибер Ф-150 мм на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бб (кај Бугарска Амбасада) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: Митрополит Теодосиј Гологанов, Златко Шнајдер и Коле Неделковски, информираат од претпријатието.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:20 часот до санирање на дефектот.