Поради дефект, дел од булевар Јане Сандански без вода

Поради дефект во водоснабдувањето, дел од станбените и деловните објекти на булевар Јане Сандански во општина Аеродром ќе останат без вода, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализации“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект ф – 100 мм на булевар „Јане Сандански” 106, ќе трае до санација на дефектот и во тој период без вода ќе бидат корисниците на дел од булеварот, односно зградите со бр. 100, 102, 104, 106 и 108. 

Засега нема официјална информација колку време би траела санацијата, односно до колку часот ќе биде прекинато снабдувањето.