Поради дефект без вода остана дел од Кондово

Од ЈП „Водовод и канализација“, Скопје, известуваат за прекин во водоснабдувањето заради дефект. 

Имено, од таму информираат дека денеска (07.12.2022) на ул.1 (пред гробиштата) во с.Кондово, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Кондово од 14:00 часот до санирање на дефектот.