Поради дефект без вода неколку улици во Скопје

ЈП Водовод и канализација известува дека поради дефект ф80 мм на улица „Зеничка“ бр.33а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Зеничка“, „Тајмишка“, „Душан Тасковиќ“, дел од „Коце Металец“, „Филип Филиповиќ“ и дел од „Гемиџиска“.

„Прекинато водоснабдување корисниците ќе имаат се до завршување на дефектот“ се вели во соопштението.