Поради дефект без вода неколку скопски улици

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради дефект на шибер и ППХ од Ф-80мм, на ул. Благоја Стевковски 99/2 во населба Маџари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски, Ордан Пиперката, Никола Киров Мајски, Пехчевска, Разлошка и Париска Комуна.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.