Поради дефект без вода денеска корисниците од улица „Христо Татарчев“

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-200 мм на Христо Татарчев 58а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (од крстосницата со ул. Дебарска до претпоследна автобуска постојка на 24ка).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување со санација на дефектот.