Поради чистење и хлорирање на резервоарот можен мал прекин во водоснабудувањето во село Радишани

ЈП Водовод и Канализација денеска ќе почне со чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот Радишани (ВЗ).

Поради тоа, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје,  можно е да има мал прекин на водоснабдувањето во село Радишани во периодот од 9:00, па се до завршување на работите.