Поради бројот на новозаразени, Словенија воведува нови правила за карантин

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 8588 новозаразени со коронавирус, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата.

Поради тоа се воведуваат и одредени промени, на пример, во образованието, ако во период од 14 денови 30% од учениците се заразат, тогаш класот оди во карантин, како и оние кои биле во ризичен контакт, при што треба да се тестираат секој ден, во тек на една недела. 

Вработените во здравството, социјалните институции и образованието не одат во карантин, туку се тестираат секој ден, во тек на 7 дена, а притоа носат заштитни маски ФФП2. 

Словенечките власти сметаат дека мерките се неопходни, иако не се идеални и дека епидемиолошката состојба ќе покаже на кој начин ќе се прилагодуваат во иднина.