
Општина Илинден извести дека почнувајќи од утре и во наредните денови петок и сабота, со почеток од 09:00 часот ќе се изведуваат градежни работи за поставување на втор слој асфалт на улица „9“ на потегот од Халк банка до кружниот тек во Илинден.
За таа цел улицата, како што наведуваат оттаму, ќе биде етапно затворена за сообраќај и ќе има поставено сообраќајна сигнализација за пренасочување на сообраќајот кон алтернативни улици.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообтаќајна сигнализација“, порачаа од Општината.