Новинарите од „Investigative Reporting Lab Macedonia“ истражуваа зошто причините за смртта на 14 луѓе во пожарот во модуларната болница во Тетово останаа мистерија, а по тој повод се јави и адвокатот Јанаки Митровски.
Митровски вели дека поради алчноста да се поткраде што е можно повеќе, модуларните болници најверојатно се изградени со лесно запалив материјал.
- Сумирано поради алчност да се поткраде што е можно повеќе модуларните болници се градени фушерајски со евтин лесно запалив материјал. Лесна им земја на 14 наши сограѓани, правда нивните семејства за жал нема да видат. П.С. Републичкиот обвинител наместо да биде итно разрешен бесрамно чека да го изберат во Уставен за со Кацарска и Васиќ да го доокупираат Уставен под диктат на власта, објави адвокатот.