
Од ЈП Водовод и канализација за утре најавија дека со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Чаир.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица Коста Абрашевиќ бб. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Од јавното претпријатие споделија и информација дека дел од улицата Коста Абрашевиќ од раскрсницата со улицата Цветан Димов до раскрсницата со Панче Неделковски ќе биде затворена за собраќај се додека траат работните активности.