Попоски најавува циклон кој носи невреме - територијата на Македонија во жолта и портокалова фаза на предупредување

Во текот на денешниот ден територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, Италија. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења, со услови за појава на град, информира познатиот метеоролог Славчо Попоски во неговиот „Метеоаларм“.

Максималните температури денеска ќе се движат во интервалот од 17 до 23 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до 22 степени.

„Токму поради ваквата ситуација денес Сабота 16 Мај 2026 целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд, силниот ветер и поради очекуваното невреме. Апелирам во случај на појава на силно невреме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја“, посочи метеорологот Попоски.