Поплавени подрумите на неколку државни објекти во Скопје

Пради обилните врнеж од дожд во текот на вчерашниот ден, поплавени се неколку објекти во Скопје, објави Мкд.мк.

 Како што пишуваат во порталот, поплавен е подрумот на Археолошкиот музеј, а во новиот објект на Македонскиот народен театар тече и во подрумот, а прокиснува и од кровната конструкција. На неколку места во фоајето на МНТ поставени се легени и кофи.

Од раководството на Македонскиот народен театар бараат пумпи за вода.

Од УХМР беше објавено дека обилните врнежи предизвикале и излевање на реката Вардар на неколку места во центарот на градот.

Можно е излевање на повеќе реки и ширум Македонија.