Поплаки на жителите на Општина Аеродром

Жителите од околината на улицата „Руди Чајевац“ лоцирана позади „Тобако 2“ или Стар Аеродром се жалат оти пристапот до нивните домови веќе година дена го отежнуваат градежните работи кои се спроведуваат на истата улица. Веќе седум месеци, никако да финишира реконструкцијата на улицата која следуваше по градежните работи кои беа изведувани со цел спроведување на електрична и водоводна инсталација за околните новоизградени згради.

Градоначалникот на Општината, Ивица Коневски реагираше дека довршувањето на асфалтирањето на улицата го одложиле зимата и временските услови. Поврзувањето на околните згради започна во септември, но работите не успејаа да се завршат пред крајот на зимата. На потег од 400 метри се копаа канали за да се спреведе канализација, водовод, струја и останата подземна инфраструктура, па улицата остана раскопана цела зима. Асфалтните бази се очекува да се отворат на 15 април, по што експресно ќе следи асфлатирање на улицата во должина од 700 метри и изградба на тротоари во вкупна должина од 1300 метри и урбано осветлување.