Попладнево во Скопје изменет сообраќаен режим

Поради  најавен настан во организација на политичка партија, кој треба да се одржи во сабота (18.06) во Скопје, од 17.00 часот на 17.06.2022 (петок) до завршување на настанот, ќе биде затворен сообраќајот од крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Илинден“ до крстосница на бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“, а на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај.

СВР Скопје апелира  до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.