Попладнево услови за снег и во Скопје

Денеска попладне и во Скопје ќе се создадат услови за провејување на снег.

Според прогнозите, во попладневните часови можно е дождот да премине во снег. Сепак, поради интензивните врнежи и релативно високата температура снегот доколку почне да паѓа воопшто нема да се задржи.

Во текот на ноќта се очекува врнежите да престанат а од утре да продолжи периодот на студено време но без врнежи. Покачување на температурите се најавува кон крајот на неделата но максималните нема да поминат 10 степени.