Попладнево се апсеше на Бит Пазар – запленета голема количина пиротехнички средства

Неколку лица се приведени вечерва, а запленета е голема количина пиротехнички средства, дознава Скопје Инфо од извори во скопската полиција.

Неофицијално, станува збор за голем полициска акција која попладнево секторот за внатрешни работи ја спроведе на Бит Пазар и има за цел спречување на нелегалната продажба на пиротехнички средства. 

Се очекува Министерството за внатрешни работи да објави повеќе детали за акцијата во текот на утрешниот ден.