Пописот одложен за септември 2021, се договорија Заев и Мицкоски

По лидерската средба, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски соопшти дека пописот се одложува и истиот ќе биде реализиран во септември.

Во претстојниот период следува имунизација на попишувачите, а до септември има сосема доволно време и за ревакцина, со што ќе се заштити и населението.

-Попишувачите во наредниот период ќе се вакцинираат, по што пописот наместо според предвиденото на 1. април се одложува за 5. септември - рече Мицкоски додавајќи дека тоа е за заштита на населението.