Попис – „Го имаме само Скопје и македонската пустина“, вели социологот Ацевски

Социологот Илија Ацевски, во своето вчерашно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, коментирајќи ги резултатите од пописот се осврна и на внатрешната миграција, која, како што рече, одела во неколку бранови со кои голем дел од внатрешноста на државата се преселила во Скопје.

-Главното тежиште, барем на тој прв бран на миграција, после ’70-ите години, е што многумина дојдоа во Скопје. Внатрешна миграција. Тогаш започна тоа празнење на регионите во Македонија. Зошто ситуацијата денеска е ваква има длабоки корени, од пред 45-50 години. 90-ттите години, со пропаста на социјализмот, потоа 2000-ттата, кога се исцрпеа сите можности кои го водат секој млад човек кон неговата иднина и се случи тоа што се случи. Сега го добиваме Скопје и македонската пустина, вели Ацевски.