Поп пејачот Ѓоко Ѓорчев ќе одржи голем концерт во МОБ на 31-ви октомври, со кој ќе одбележи 25 години на сцената

Поп пејачот Ѓоко Ѓорчев ќе одржи голем концерт во МОБ на 31-ви октомври, со кој ќе одбележи 25 години на сцената, пишува Фокус

Тој за Фокус вели дека се радува на настанот, но во исто време е свесен дека е потребна и голема психичка и физичка кондиција за да се изведе целиот концерт во најдобро светло. Напорни подготовки, секој ден по два часа вежбање со бендот, но и посебен режим на исхрана, биле само дел од ритуалите пред настанот.

За време на настанот, најавува многу музички гости. Зоран Џорлев, Катерина Танева, Ирена Крстевска – Стефанова, Трифун Костовски и Филип Стефановски се дел од неговите колеги кои ќе настапат заедно со него, пред публиката во МОБ. Сепак, едно место ќе останело празно и вели дека единствено жали што нема да се исполни ветувањето кое му го дал на неговот колега Влатко Илиевски, дека ќе го покани да му биде гостин на концертот.

Додава дека семејството му е голема поддршка и благодарен е што на секој чекор на неговиот пат сите верувале во него.