
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 20 до 32 степени Целзиусови.
Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 км/ч.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд на повисоките места и дневни температури до 25 до 33 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.