Понекогаш сонувам...

И понекогаш сонувам со очи ширум отворени...
Сонувам за некој нов, подобар свет.
Свет во кој не постои убивање и глад.
Свет во кој не постои завист и омраза.
Сонувам свет во кој сите сме едно. 

И понекогаш сонувам дека не постојат разлики, сонувам дека сите се сакаме.
Сонувам дека сите минувачи зборуваат за паметни работи, за наука и личен развој.
И сонувам за свет во кој изгледот и популарноста не се важни и ние сме свесни за тоа. 

Сонувам дека е сосема во ред некому да кажеш: „Те сакам“, без нималку страв дека ќе те одбијат.
Сонувам за свет во кој не постојат удари и навреди.
Свет во кој не постои грубост.

И сонувам дека живееме во свет кој е добар.
Мислам дека никогаш нема да престанам да сонувам.