Понекогаш, сите имаме потреба да чуеме дека сѐ ќе биде во ред...

Понекогаш, сите имаме потреба да чуеме дека сѐ ќе биде во ред.

Затоа драги мои, сакам да ви кажам дека сѐ ќе биде во ред. 

Во ред е ако понекогаш имате лош ден. Во ред е ако имате по некоја лоша навика и во ред е ако понекогаш имате црни мисли. 

Сосема во ред е да чувствувате болка и не, не е незначајна. Океј е ако сте направиле грешка. 

Во ред е. Лесно е да бидете строги кон себеси, но мора да запомните дека животот е маратон, а не спринт. Ќе има денови кога нема да ви се станува од кревет и денови кога ќе го освојувате светот.

Двете работи се дел од нашите животи.

И само затоа што понекогаш сте малку уморни и ви е преку глава од сите работи кои ви се случуваат, не значи дека нема да бидете во ред. 

Колку и да ви доаѓа да превртите со очи, длабоко во себе знаете дека сѐ ќе биде во ред. Ама сакате некој да ви го каже тоа.

Затоа, еве, јас ви кажувам: Сѐ ќе биде во ред...

А сега ајде, затворете очи и кажете си на глас: Сѐ ќе биде во ред...