Понекогаш мора да се изгубиш за да се пронајдеш

Ок е ако моментално не сте ок. Во ред е и човечки е. Во ред е ако се чувствувате изгубено, затоа што понекогаш морате да се изгубите за да се пронајдете. И можеби ви изгледа дека сѐ околу вас се руши. Но, тоа е дел од животот. За да дојде нешто ново, нешто старо мора да си замине и да направи место за нешто ново. 

Во каква ситуација и да се наоѓате, ок е. Не мора да правите ништо со сила. Прво прифатете дека тоа е човечки. И дека не сте ни први, ни последни кои минуваат низ тоа. А ако еден човек го пребродил тоа, тогаш може секој. 

Затоа, само полека. Не се осудувајте себеси, не се критикувајте и не бидете лути на себе. Затоа што сѐ е тоа дел од патот, сѐ тоа ве учи на нешто и ве води онаму каде што треба да пристигнете. Сѐ тоа е потребно за раст и за напредок. 

Сѐ има своја цел. Дури и ако не ви изгледа така во моментот, тоа не е важно. Само верувајте во процесот. Прифатете го тоа. И со мир во душата продолжете понатаму. Чувството на мир и благосостојба нека ве води по вашиот пат. И пред сѐ, одете со многу љубов за себе. Затоа што вие не би сакале некој што го сакате да се чувствува така, па немојте да дозволите и вие да се чувствувате толку лошо.

Ставете се на прво место. Можеби за првпат во животот. Затоа што ако не можете да си помогнете на себеси, нема да можете да им помогнете ниту на другите. Ако сте несреќни, не можете ни вие да одите напред, ниту да им помогнете на другите. Жртвување за другите, на таков начин, никому не помага. 

Преземете одговорност за тоа како се чувствувате. Почнете да ги гледате работите од некој друг агол. И наместо да гледате во мрачниот тунел, побарајте ја светлината. Барем еден мал зрак светлина. Па така ќе почнете да се чувствувате подобро, па уште малку подобро, па уште малку. Пронајдете се себеси во сето тоа. Слушајте се себеси. И можеби е добро да престанете да ги прашувате другите за мислење. Затоа што никој друг не живее со вас 24 часа на ден. Никој не знае што е скриено длабоко во вас, онака како што вие знаете. Затоа и никој не може да донесе подобра одлука од вас. 

Не брзајте. Само смирено. И бидете искрени кон себеси. Внимавајте на себеси. Затоа што ако го направите тоа вие, тогаш кој? Ако не сега, тогаш кога?

Секогаш ќе има изговори за наоѓање. А времето минува. И не дозволувајте времето да ви минува во страдање и незадоволство. Дадете сѐ од себе за своето подобро утре. Вие ја имате моќта за да направите да биде подобро. Повесело. Посветло. Поисполнето. Со многу повеќе љубов. И да се врати она од кое можеби сте се откажале уште пред многу години... Својата вистинска радост.