Понекогаш глумам дека сѐ е во ред...

Понекогаш се заплеткувам во моите обврски па заборавам колку ми недостасуваш. Понекогаш толку добро глумам дека сум силна и груба, па заборавам како порано ме болеа деновите без тебе.

Понекогаш се убедувам дека се помирив со тоа дека така мораше да биде.

Понекогаш се преправам дека сето тоа добро го поднесувам. И тогаш, од никаде-некаде ќе се појави твоја слика.

Тогаш пред очи ми блеснува некое сеќавање на мене и тебе. 

И бојата на твојот глас. Или сјајот на твоите заби.

Понекогаш разговарам со тебе и ми изгледа како да ми одговараш иако ништо не се слуша. 

Тие денови се како некој одеднаш да те удрил во стомак па остануваш без воздух. Се гушиш и те боли.

Понекогаш заборавам колку те сакав.

Понекогаш заборавам дека и ти мене ме сакаше.

Понекогаш ми изгледа како отсекогаш да сум била сама. И дека морав да бидам сама.

Понекогаш гледам слики од среќни луѓе па помислувам колку ми беше мене потребно да научам како е да се биде среќен. 

Понекогаш ти се лутам затоа што мислам дека можеше подобро, а не го направи тоа.

Понекогаш се чувствувам како да сум те заборавила.

Понекогаш те сонувам... тогаш имам чувство дека умирам. 

Понекогаш се лутам на луѓето кои не умеат да ги прегрнуваат и бакнуваат луѓето кои ги сакаат.

Дали тие знаат дека јас би го дала целиот мој свет само уште еднаш да те прегрнам и уште еднаш да почувствувам како е да се чувствуваш безбедно?

Не знаат...

Дали знаат на какви глупости го трошиме времето, а би можеле да се сакаме. И да се прегрнуваме. Да се заштитуваме. Кога сѐ ќе помине, доцна е.

Предоцна е да мафташ со рацете низ воздухот кога нема никој наспроти тебе. Предоцна е со погледот да бараш некој кој нема да се појави. Предоцна е да вриштиш на празна соба.

Немојте да губите време на празни чекори. На лажни насмевки. Не губете време покрај оние кои не ве заслужуваат.

Понекогаш мислев дека сонувам и дека ќе се разбудам, а не излезе така.

Понекогаш се убедувам дека ми недостасуваш малку помалку, само за да можам да живеам.