Понекогаш глумам дека сè е во ред...

Понекогаш се вплеткувам во моите обврски, па заборавам колку ми недостигаш. Понекогаш толку добро глумам дека сум силна и груба, па заборавам како некогаш болеа деновите без тебе. Понекогаш се убедувам дека сум се помирила дека така требаше да биде. Понекогаш се преправам дека сето тоа добро го поднесувам. И потоа одеднаш ќе ми излезе твоја слика. 

Тогаш пред очи ќе ми излезе некој спомен од тебе и мене. Ќе се појави сеќавањето на бојата на твојот глас или како изгледаше твојата насмевка. Таквите денови се како некој да те клоцнал со сета сила во стомак и не можеш да земеш воздух. Се гушиш и те боли. 

Понекогаш заборавам колку те сакав. Понекогаш заборавам колку и ти мене ме сакаше. Понекогаш ми изгледа дека отсекогаш сум била сама. И дека морав сама. Понекогаш гледам слики од среќни луѓе, па помислувам колку ми требаше да научам да бидам среќна. Понекогаш ти се лутам затоа што мислам дека можеше да направиш повеќе и подобро за нас, но не го стори тоа. Понекогаш се чувствувам како да сум те заборавила. 

Понекогаш те сонувам... Тогаш имам чувство дека се распаѓам. Понекогаш се лутам на луѓето кои не умеат да ги прегрнуваат и љубат оние кои ги сакаат. Дали тие знаат дека јас би го дала целиот свет само да можам уште еднаш да те прегрнам и само уште еднаш да почувствувам како изгледа тоа да се чувствуваш сигурно?

Не знаат...

Дали знаат колку време трошиме на глупости, а би можеле да се сакаме. И да се прегрнуваме. Да се штитиме. 

Кога сè ќе пројде, доцна е. Доцна е со погледот да бараш некој кој нема да се појави. Доцна е да викаш: „Те молам немој да си одиш“ во соба во која никој нема. 

Кога сè ќе пројде, доцна е.

Некој да губиш време на празни чекори. На лажни насмевки. Немој да губиш време покрај луѓе кои не те заслужуваат. Понекогаш мислев дека сонувам и дека ќе се разбудам, а не го правев тоа.

Понекогаш се убедувам дека ми недостигаш малку помалку, само за да можам да продолжам да живеам.