Понекогаш е доволно да кажете: Благодарам!

Ќе има денови кога ќе се лизгате, сопнувате и паѓате, но ако успеете да останете на нозе и продолжите да одите, доволно ќе биде да кажете: Благодарам. 

Понекогаш вашиот пат ќе биде тесен и тежок, но ако сте подготвени да учите животни лекции за да продолжите да се развивате, доволно ќе биде да кажете: Благодарам. 

Понекогаш ќе мора да се качувате по стрмни скали и нема да можете да го видите крајот, но ако сте подготвени да верувате, доволно е да кажете: Благодарам. 

Понекогаш ќе се најдете во мрачен тунел од кој нема да можете веднаш да го пронајдете излезот, но ако знаете дека на крајот на тунелот секогаш има светлина, доволно ќе биде да кажете: Благодарам.

Понекогаш ќе ве дуваат ветрови и ќе се најдете среде бури, но ако во себе имате цврсто сидро кое ќе ве држи прикотвени и стабилни, доволно ќе биде да кажете: Благодарам. 

Понекогаш е доволно да кажете: Благодарам за овој момент во кој се наоѓам.

Понекогаш е доволно да кажете: Благодарам што постојам.

Понекогаш е доволно да кажете: Животе, ти благодарам!