Понекогаш човек едноставно се уморува...

Понекогаш човек едноставно се уморува.
И тоа е сосема океј.
Се уморува од лаги, од предавства, човечка завист, пакост и љубомора.
Го уморуваат беспотребните правдања за добронамерни постапки, сомнежите и неискреноста. Велат дека кога го имаш Бог за сведок треба да ги пуштиш луѓето да мислат и да зборуваат што сакаат.
Но, понекогаш човек се уморува.
Се уморува од постојано поставување нови цели, качување на брдо кое нема крај. Го уморуваат поразите, но и победите.
Понекогаш човек едноставно се уморува.
Го уморуваат арогантни газди, неспособни послушници и додворувачи со кои се опкружуваат, но и оние кои молчат, наседнувајќи на евтини поени, доволувајќи неказнето да помине недостатокот од видливи резултати и општата ситуација во општеството која не дава никаква надеж за подобро утре.
Понекогаш човек е уморен.
Ретко преминува директно од една во друга соба. Секогаш тука има некаков ходник, некој меѓупростор на изгубени чекори. Оној во кој треба да се донесат егзистенцијални животни одлуки: Во која соба да влезе, по кој пат да тргне и зошто?
Понекогаш човек едноставно се уморува...
Тоа не значи дека се откажува, дека не верува, дека не е мотивиран или дека не размислува позитивно. Токму во тие моменти на умор од секојдневното, лажното и евтиното, човек се пронаоѓа себеси и тогаш, неспречен од бучавата на светот и гравитацијата на мнозинството, мудро и сигурно оди по својот пат.
Понекогаш човекот едноставно се уморува.
И тоа е сосема во ред.