Понеделник- Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани на Македонија

На праг ни е уште еден продолжен викенд.

Понеделник (26 јуни 2017), поради празник Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.