Понеделник е неработен за сите граѓани

Следниот државен празник носи продолжен викенд. На 8. септември 2025 година (понеделник), се одбележува Денот на независноста и тој е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

До крајот на годинава овие денови се неработи: 

За сите граѓани на РСМ

8 септември (понеделник), Ден на независноста, 

11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 

23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”. 

За граѓаните од католичка вероисповед 

1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.  

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ 

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците  

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.