
Граѓаните од католичка вероисповед во недела го слават Велигден. За нив, согласно календарот на неработни денови, неработен ден ќе биде 6. април (понеделник) – кога се слави вториот ден на Велигден.
За православните христијани, не овој што доаѓа, туку следниот викенд ќе биде продолжен. Практично учениците и работницте ќе имаат мини одмор, со оглед дека неработни денови се петокот и понеделникот.
Неработен ден за православните верници во земјава ќе биде 10 април - Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани.