Понеделнички во Скопје: Седнуваш на мокро седиште во автобус, додека одиш по улица врз глава ти паѓа кора од банана...

Понеделник. Нови сили, нови предизвици. Прв работен ден во неделата. Се надеваш на нешто ново, на плата и што побрзо да помине работната недела.

Оваа млада скопјанка, на својот Фејсбук профил, раскажува како и поминува овој прв работен ден...

-И како и секој понеделник. Станав тмурно, без желба за да одам на работа, но ете мораш. Денеска е 16 во месецот, платата се зема до 15, ама знаеш дека денеска нема да ја земеш, бидејќи никој газда не ти пушта плата понеделничи. Да не му тргне со давачки уште од понеделник. Се тешам. Ај утре ќе земам. Излегов од дома. Сонце уште од рано наутро. Ама лето е. Тргнав кон постојката. Еден куп луѓе, сите чекаме автобус. Обично чекам кратко, но сабајлево се расипал автобусот. Чекав 25 минути. Јас од 8 и 30 на работа, а кога погледнав на часовник, 8 и 20, а јас уште на постојка. “Ќе задоцнам малку, се расипал автобусот”, се јавив на шефицата и и реков. “Ахам, вие си знаете”, ваков одговор добив. И ете некако ни се смилуваа, пратија автобус. Влегувам, ја куцкам картичката и гледам слободно седиште на средината од автобусот. Тргнувам натака за да седнам. По некоја минута, чувствувам дека седам на нешто мокро. Станав веднаш. Тогаш почувствував една лоша миризба. Ги погледнав панталоните. Ах, мокри и тие. Кој толку рано, можел да се измоча на седиштево... Тоа ми е, ќе седам цел ден во овие панталони...  Се симнувам од автобусот, преминувам улица, одам на кај работа, со надеж дека сонцето ќе ми ги исушти панталоните и само почувствував удир по глава, “ах не е страшно си велам, кора од банана”... Брзам за работа. Таман да поминам улица, метлачите со метлата од зад мене, право во нозе. “Леле извини девојче. Не е намерно. Ќе се омажиш не се секирај”... Што да кажам... Брзам и понатаму. Стигнав некоја минута пред 9. “Казна од плата 10 отсто”, добив како за доброутро... Тоа ти е. Седнав на работното место и почнав со работа. “Од утре газдата е на одмор, да знаете. Плата ќе има кога ќе дојде, за десеттина дена”... Ех мој убав понеделник, зарем вака ќе ми тргне неделата?