Понеделнички во автобус: Гужви, нервозни граѓани кои доцнат на работа, турканици, пензионери и мајки со мали деца

Големи гужви, нервозни граѓани кои доцнат на работа, турканици, пензионери, мајки со мали деца. Ова е сликата рано наутро на автобуските станици во Скопје.

Метеж по улиците, а тоа ги успорува и автобусите. Граѓаните доцнеа на работа. Бремени жени и мали деца се туркаа во гужвата за навреме да стигнат на работа или во училиште, а старите луѓе едвај стоеја во таа гужва.

Скопјани не го криеја својот гнев. Велат дека некаде автобуси не доаѓаат, а оние кои доаѓаат се од старите.

Скопјани поради овие проблеми се приморани да пешачат до своето работно место или да плаќаат за такси превоз.

-Секое утро чекаме повеќе од половина час, затоа што не доаѓаат сите автобуси. Но, различен автобус не доаѓа. Еден ден тој во 8 часот, друг ден тој во 8:20 го нема.

-Ова е срамота и не е фер. Ова е понижување за нас.

-На надлежните секако дека не им е воопшто грижа за нас. Ние сме обични смртници.