Понеделничка слика од Центар

Дел од центарот на главниот град се разбуди со огромни купишта ѓубре. Очигледно комуналците не си ја завршиле работата денеска или пак оној кој го акумулирал ѓубрето бил вреден рано утрово па го наполнил контејнеров пред 7 часот.

- Главен град. Понеделник. Смрди на ѓубре. Сликата е ужасна. Добар почеток на неделата. Ова ли треба да биде сликата на нашето Скопје? - се прашуваат жители на Центар. 

Останува комуналните редари да се погрижат за хигиената во градот што е болна точка која е актуелна со години наназад.