Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Студеничани, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Ш.Б. од с.Студеничани удрило во 54-годишниот Н.З. исто од с. Студеничани кој се здобил со тешки повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
„Според пријавеното, претходно Н.З. му помогнал на Ш.Б. со трактор да го извлечат од кал товарното возило, а откако го сториле тоа слегол да ја откачи сајлата, но Ш.Б. не го забележал тоа и продолжил да се движи наназад и со возилото го удрил Н.З.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.