Помен за покојните - Денеска и утре се одбележува Задушница

Православните христијани денеска и утре ја одбележуваат Задушница - денови во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

Оваа Задушница секогаш се паѓа една недела пред Прочка - денот за простување, кој секогаш се паѓа во недела, по што започнува големиот велигденски пост. 

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.