Помалку тестови – помалку позитивни на КОВИД19

Тестирањето се намалило за 14% а бројот на нови позитивни случаи паднал за 10%, покажува неделниот Извештај на Институтот за јавно здравје. Според него, во текот на минатата недела, регистрирани се вкупно 705 нови случаи во 33 града низ Македонија. Наголем дел од нив, или 221 пациенти вирусот го добиле во контакт со потврден случај додека 32 лица се заразиле на некое патување во последните 14 дена. 

Во односот со спроведените тестови, минатата недела бројот на позитивни случаи се зголемил за 0,3 процентни поени, односно 8,4% од тестираните биле позитивни на КОВИД19. 

Во истиот период како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Значително пораснал бројот на смртни случаи. Регистрирани се вкупно 27 починати пациенти во 12 градови што е за 7 повеќе во однос на минатата недела што е скок за близу 26%. 19 од нив имале повеќе од 60 години, шестмина меѓу 50 и 60 и двајца на возраст меѓу 40 и 49 години. 25 починале во болнички услови.

Оптимистички податок е дека се намалува бројот на пациенти кои поради вирусот завршуваат во болница. Минатата недела  127 лица биле хоспитализирани што е намалување за близу 4% во однос на минатата недела.