Помалку познати нешта за Влатко Илиевски кои му беа во срце, но ретко зборуваше јавно

Помина повеќе од една недела откако Влатко Илиевски стана ѕвезда која сјае од небото и за голема жал ги напушти семејството, саканите, пријателите, роднините, колегите, обожавателите… а тагата по него и неверувањето не поминуваат.

Тешко се прифаќа фактот дека повеќе го нема, особено кога на радио или ТВ во спомен ќе ги слушнеме и погледнеме неговите песни и спотови. Рапавиот глас кој веднаш ни ѕвони во ушите и не потсетува на ужасната вистина дека Влатче повеќе го нема.

Деновиве во медиумите се појавија многу проштални пораки, но и спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.

Инаку, оние што подобро го познаваат  или редовно го следеа на социјалните мрежи, занаат дека тој беше сестрана душа на која уметноста и уникатноста му е во секој здив и тоа сакана со цело срце.

Па така, многу ги сакаше уметничките слики со кловнови, а такви имаше и во својот дом.

Влатко беше колекционер на плочи за кои издвојуваше доста.

Во срцето му беа и автомобилите олдтајмери, а особено од марката Мерцедес.

Последна негова активност беше тоа што сакаше да ги украсува труповите на гитарите со апликации од рок пејачи и групи.

Неговиот двор за кој неколкупати пишувавме каде  знаеше и да ја покани редакцијата на гости, изгледаше посебно, дел со винтиџ детали, дел со модерни и специфични моменти.

И за крај, а знаеме дека им уште многу…. Влатко Илиевски ги обожаваше животните, особено мачките – двете персијки  без кои не заспиваше.

 

Сите денешни вести прочитајте ги тука.