Помалку од 3.500 активни случаи на ковид-19, во повеќе градови има помалку од 10 заболени

Епидемиолошката состојба во Македонија е далеку постабилна споредено со онаа пред помалку од еден месец.

Ситуацијата се подобрува во повеќе поединечни градови низ Македонија, а во Крива Паланка, Берово, Дебар, Валандово, Богданци, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево има помалку од 10 активни случаи. 

Во Дојран и понатаму веќе подолг период нема новозаразени. 

Земајќи ги предвид и денешните податоци за новозаразени, вака изгледа состојбата во секој град, во однос на вкупен број случаи од почеток на пандемијата и денешната состојба со активни случаи:

Скопје 68261, активни 1404
Куманово 8778, активни 322
Прилеп 8264, активни 160
Тетово 7189, активни 121
Битола 6268, активни 232
Велес 5463, активни 91
Гостивар 5159, активни 59
Кавадарци 5147, активни 50
Охрид 4983, активни 198
Штип 4955, активни 74
Струмица 4100, активни 98
Струга 2970, активни 72
Кочани 2776, активни 54
Кичево 2538, активни 85
Гевгелија 2190, активни 35
Неготино 2179, активни 23

Свети Николе 1518, активни 42
Ресен 1233, активни 44
Крива Паланка 1218, активни 8
Радовиш 1136, активни 57
Берово 1026, активни 9
Делчево 967, активни 27
Дебар 938, активни 8
Виница 874, активни 67
Пробиштип 789, активни 18
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 8
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 396, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0