Полски пикник во Музеј на современата уметност

По деветти пат правиме коперникански преврт и креираме нов концепт за еден поубав, кромидоцентричен универзум, респонсивен како Соларис на Лем, важен како радиобрановите на Марија Склодовска. Оваа година Полска ни е во фокус, во срцето, во нашето срце мазурка.

Деветтата сезона ја отвораме со арт-пикник и ве каниме на грам солидарност со куси полски документарци и коктел-забава за загревање. Оваа година под смоквата, доколку добро ги начулите ушите, ќе можете да ја слушнете Шопеновата Мазурка бр. 23, во де-дур, како одѕвонува од камењата на Куршумли aн.

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ве поканува на:
• Полски пикник | 11.08.2018 (сабота) | Музеј на современата уметност | 17-24 часот

• Отворање на програмата „Земја во фокус: Полска“ | 17.08.2018 (петок) | Куршумлиан | 20 часот

• „Запознај ги Полјаците“ под смоквата | 23.08.2018 (четврток) | Куршумли ан | 18 часот

• Работилница со Војцех Старон | 20-22 август 2018 (3 дена) | Музеј на Современа уметност - Скопје