
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре (30.11.2025), поради уличен дефект од ф 400мм на улица Бутелска бб до сервис Топал, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Бутелска, Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Калински, Бутелска од крак 1 до крак 35 и Бутелска од крак 2 до крак 14.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот, па се до завршување на санацијата на дефектот.
Исто така, утре поради технички зафат на булеварот Александар Македонски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици:
- бул. Александар Македонски;
- ул. 808 (дел од улицата);
- бул. Киро Глигоров (дел од булеварот);
- Населба Автокоманда со намален притисок ( ниска зона);
- Триангла со намален притисок;
- Населба Хиподром со намален притисок;
- ул. Перо Наков кај Кванташки Пазар со намален притисок;
- Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување;
- ул. Маџари прекин на водоснабдување;
- ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување;
- с.Сингелиќ прекин на водоснабдување.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 05:00 часот и ќе трае се до завршување со работните активности.