Половина Скопје повеќе од 12 часа ќе биде без вода

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација„ од Скопје информира дека поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700mm утре без вода повеќе од 12 часа ќе останат делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Кисела вода.

Причина за прекинот во водоснабдувањето е интервенцијата во водоводната мрежа која ќе се изведува кај новиот кружен тек помеѓу улицата „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“, утре без вода за пиење од 20 часот  до завршување на работата ќе останат следните населби: Аеродром и Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од населбата Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“.

Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле во периодот од 08:00 до 14:00 часот наредниот ден, информираат од јавното претпријатие.

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода.

Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите „Аеродром“ и „Ново Лисиче“ непречено ќе функционираат.