Половина Скопје денеска без струја, вода ќе нема во Центар

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 10.30 часот, корисниците од дел од с.Глумово, Шишево и Матка (општина Сарај)

-во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од с.Бардовци- место викано Село (општина Карпош)

- во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул.Киро Фетак (од крстосницата со ул Иван Мажураниќ до крстосница со ул. Иван Хаџиниколов), и дел од ул. Иван Мажураниќ (општина Кисела Вода)

-во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул.Финска (општина Гази Баба)

- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Жеглање (општина Гази Баба)

-во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Митре Влаот од бр.1 до бр.9 (општина Аеродром) 

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (вторник) поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул.Мајка Тереза 40( Водњанска), во периодот од 09.00 часот па се до завршување на интевенцијата без вода ќе останат корисниците на дел од истата улица. (Општина Центар)