Половина Скопје денес без струја, а еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска поради закажани технички зафати во системот на електрична енергија без напојување со електрична енергија  ќе бидат следните корисници:

 -Во период од 10:30 до 13:00 часот  дел од ул. Струшка. (општина Карпош)

-Во период од 08:30 до 14:30ч дел од ул. дел од ул.Блажо Орландиќ (парни од бр.8 нагоре). (Aеродром)

-Во период од 08:00 до 15:00ч дел од ул. Орце Николов. (општина Центар)

-Во период од 09:00 до 14:00ч корисниците од с.Буковиќ, Раовиќ, Ласкарци, Паничари.(општина Сарај)

-Во период од 09:00 до 12:00ч дел од ул.2, с.Долно Количани (општина Студеничани)

-Во период од 08:00 до 10:00ч корисниците на бул.Александар Македонски.(општина Гази Баба)

-Во период од 08:30 до 14:30ч корисниците  Рудопроект, Каменолом Вардар Градба, Викендици Јаболци, с.Јаболци, Сателитски Центар Нова Брезница, Нова Брезница, Ловиште Јасен, викендици Држилово, с.Држилово, Карст с.Јаболци, Викендици Патишка Река, с.Патишка Река, ПЦЦ Хидро( општина Сопиште) и корисниците од с.Осинчани, с.Малчиште, с.Елово, с.Црн Врв. (општина Студеничани)

-Во период од 09:0 до 11:00 часот корисниците УСЈЕ: ул. 4. (општина Кисела Вода)

-Во период од 09:00 до 12:00 часот корисниците дел од с.Света Петка.(општина Сопиште) 

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-80 на Томас Минцер 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Томас Минцер, Тодор Чопов, Тодор Ецов, Христифор Жефаровиќ, Радован Ковачевиќ, дел од Сава Михајлов и дел од Методија Андонов Ченто.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради уличен дефект ф-100 на крстосницата Лазар Поптрајков/Бапчор, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од истите улици. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:30 часот до завршување со санација на дефектот.